ФАО ги поддржува напорите на земјата за спроведување на Национален инвентар за шумите

Од:

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа работилница за проценка на потребите за информации кои треба да бидат собрани за следење на шумите. Се работи за дел од првата фаза од проектот за развивање на методологијата за спроведување на Национален инвентар за шумите, за кој Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) на почетокот на 2018 година додели финансиска и техничка помош.

Со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО), шумарскиот сектор во Македонија презема понатамошни чекори за одржливо управување со шумските ресурси и зголемување на придонесот на шумарскиот сектор во националната економија и руралниот развој.

Проектот се фокусира на зајакнување на националните капацитети за развој на најсовремен национален систем за следење на шумите кој ќе овозможи донесување на одлуки базирани на факти во доменот на шумарскиот сектор. МЗШВ со помош на ФАО ќе работи на подготовка на прелиминарна проценка на земјишниот покров/користење на земјиштето, како основа за дизајн на Националниот инвентар на шумите.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп