Фајненшл тајмс: Најголемите европски увозници на гас се подготвуваат за плаќање во рубљи

Од:

Најголемите европски увозници на гас се подготвуваат да се согласат со барањето на рускиот претседател Владимир Путин да го платат гасот во руски рубљи, објави „Фајненшл тајмс“.

Претходно, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека тој руски потег претставува „уцена“.

Некои од најголемите европски енергетски компании се подготвуваат да го користат новиот систем за плаќање на рускиот гас што го бара Кремљ. Критичарите велат дека таквиот потег ќе ги поткопа европските санкции кон Русија, како и единството на Европската унија, и на крајот ќе одлее милијарди во руската економија.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека големите дистрибутери на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки во рубљи кај Газпромбанк во Швајцарија за да го исполнат барањето на Русија за плаќање на гасот во рубљи.

Во оваа група спаѓаат двата најголеми увозници на руски гас – германскиот Унипер и австриската ОМВ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година