„Фајненшл тајмс“: Членките на ЕУ внимателни – само Грција е полоша од Хрватска

Од:

Повеќето влади и граѓани во Европската унија се внимателни во однос на влезот на Хрватска во Унијата – уште една слаба јужноевропска економија, чија најголема индустрија е туризмот, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

Хрватска четири години една по друга е во рецесија, а пред неа во однос а ова во ЕУ е единствено Грција. Невработеноста во Хрватска изнесува околу 20 отсто, а меѓумладите 50 отсто, пишува „Фајнешл тајмс“.

Весникот нагласува дека не е забележано воодушевувањето, кое го следеше проширувањето во 2004 година со осумте поранешни комунистички земји, вклучувајќи ја и Словенија.

– Таа „голема експлозија“ беше доживеана како повторно обединување на Европа и конечно завршување на „студената војна“, нагласува „Фајненшл тајмс“.

Весникот додава дека разочарувањето по влезот на Романија и Бугарија доведе до тоа преговори со Хрватска да бидат толку обемни и исцрпувачки.

Сепак, се наведува во текстот, борбата против корупцијата во Хрватска се покажа како ефикасна, а врвот го достигна кога е уапсен поранешниот премиер Иво Санадар.

Хрватска ќе го загуби својот привилегиран пристап до пазарите надвор од ЕУ, како БиХ, Србија и Црна Гора, со која во изминатите децении ги зајакна деловните врски.

Весникот проценува дека со преместувањето на хрватските производствени погони преку границите, а со цел да се избегнат царинските давачки, може да доведе до загуба на работните места во земјата.

Во најдобар случај, според „Фајненшл тајмс“ Хрватска ќе тргне по патот на земјите како Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, каде дојде до „поплави“ на инвестициите во производството.

Сепак, предупредува „Фајненшел тајмс“, Хрватска влегува во ЕУ во екот на најголемиот пад на економијата во изминатите децении, така што е тешко да се очекува дека ќе го постигне успехот на споменатите земји.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он