„Фајненшал Тајмс“: „Централ Азија Металс“ го купи рудникот „Саса“

Од:

Казахстанскиот производител на бакар „Централ Азија Металс ПЛЦ“ ги информира своите акционери дека ја прифатил понудата за купување на македонскиот рудник „Саса“ за сума од 402,5 милиони долари.

Како што објави лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала договор со сегашниот сопственик на „Саса“, „Орион Ко-Инвестментс енд Фјужн Кепитал“ за откупавање на рудникот заедно со долговите и активата.

Според извршниот директор на „Централ Азија Металс“, Ник Кларк оваа купопродажба ќе и обезбеди на компанијата производство на метали со ниски трошоци и долгорочни операции, кои се очекува да генерираат позитивни финансиски приливи во цел еден деловен циклус.

Минатата година рудникот „Саса“ произведе 22.515 тони концентрат на цинк и 28.955 тони концентрат на олово.

Би можело да ве интересира

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река

Ана Ололовска

Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице и спроведување мерки по истекот на јаловиштето

Ана Ололовска

Рударот од „Саса“ со лесни повреди, тврди компанијата

Наум Локоски

Повреден работник во рудникот Саса

Наум Локоски

Заштитата на животната средина приоритет за рудникот Саса

Наум Локоски

САСА ќе стипендира студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Ана Ололовска