Еврозоната повторно во рецесија, БДП се намали за 0,6 проценти

Од:

Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 0,6 проценти во првите три месеци од оваа година, покажаа денешните податоци на Европскиот завод за статистика Евростат.

Вториот последователен квартал на пад на БДП, после наглиот пад во четвртиот квартал од 2020 година, потврдува дека економијата на 19-те членки повторно е во рецесија.

Два последователни квартали на негативен економски раст се дефинираат како техничка рецесија, потсетуваат светските агенции.

Еден од факторите за забавување на европската економија е бавното воведување на вакцини и долготрајната блокада, а другиот фактор е помалата државна поддршка за економијата.

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина