Еврозоната и постави рок на Грција до утре да ги заврши преговорите со „тројката“

Од:

Еврозоната и постави рок на Атина најдоцна до утре да ги заврши преговорите со претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори, посветени на исплатата на нова транша од помошта за Грција.

Како што тврди весникот „Етнос“ повикувајќи се дипломатски извори во Брисел, во предупредувањето на еврозоната било наведенао дека ако Грција не го испочитува поставениот рок, исплатата на траншите од помошта ќе биде замрзната за период од три месеци.

Според весникот, главниот спор во овие преговори меѓу Грција и „тројката“ бил околу отпуштањето на вработени од државниот сектор.

Од преговорите меѓугрчките власти и „тројката“ зависи исплатата на траншата од помошта во износ од 8,1 милијарди евра, кои Атина очекува да ги добие до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент