Еврото на ниво кое не е забележано повеќе од 11 години

Од:

Курсот на еврото остро падна на светските пазари кога Европската централна банка најави печатење на свежи пари за потикнување на економијата.

Откако ЕЦБ најави печатење нови пари, еврото потона и под 1,12 долари, што не е забележано повеќе од 11 години.

Аналитичарите велат дека еврото, кое од почетокот на годината потона за 7 отсто, е на пат кон својот најголем месечен пад во однос на доларот по врвот на финансиската криза на почетокот на 2009. година. Валутата, според некои предвидувања би можела да оствари досега невиден пад.

Произведувачите ширум еврозоната го поздравија слабеењето на еврото, со напомена дека извозот ќе го направат поконкурентен, пишува Гардијан.

Би можело да ве интересира

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Доларот зајакна во однос на еврото, падна цената на нафтата

Доларот зајакна, еврото ослабе

Катерина Ѓуровски