Еврото близу највисокото ниво за два месеци

Од:

Курсот на еврото во средата на светските берзи зајакна кон доларот близу највисокото ниво за последните два месеца, по скокот на приносите на референтната 10 –годишна германска обврзница на највисоко ниво во оваа година, со што е намален јазот во однос на приносите на американските обврзници.

Еврото во среда изутрината зајакна 0,6 отсто кон доларот, на 1,1264 долари, што е близу неговот највисоко ниво за два месеца од 1,1290 долари, на кое се искачи во петокот.

Поддршката на еврото пружи и новиот извештај на лондонската истражувачка компанија Markit кој укажува на сигнали за јакнење на активностите во 19-члената економија на еврозоната, Ветер во грб на единствената европска валута и даде и веста дека Грција отпатила 200 милиони евра камати од долгот кон ММФ во предвидениот рок.

Во фокус на инвеститорите беше намалениот јаз во приносите на 10-годините американски и референтните германски обврзници на околу 165 базни поени, што е најмала разлика од втората половина на март. Приносите по гермнаските 10-годишни обврзници моментно изнесуваат 0,55 отсто, откако минатиот месец паднаа на рекордно ниски 0,05 отсто. Приносите на шпанските и италијанските обврзници пораснаа близу два отсто.

„Распродажбата на германските обврзници и растечките приноси му помагаат на курсот на еврото кон доларот. На мислење сме дека и натаму има простор за јакнење на еврото, пред се ако продолжи бранот продажба на германски обврзници“, вели Јујиро Гото, валутен стратег во банката Nomura.

Индексот на доларот, која ја мери вредноста на американската валута кон шесте водечки светски валути, намален е за 0,4 отсто, на 94,687 пеени. Со тоа се спушти на најниско ниво во последната недела од 95,946 долари, на која се искачи претходниот ден.

Товар на доларот беа разочарувачките податоци за надворешнотрговската размена на САД во март, нови во низата податоци кои не влеваат многу светла слика за состојбата на економијата во првиот квартал.

Би можело да ве интересира

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ