Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Од:

Најниска минимална плата во Европската Унија во јануари е забележана во Бугарија од 551 евро, а највисока во Луксембург од 2.638 евра, покажува денеска објавеното истражување на Евростат.

Минималната плата на национално ниво е законски утврдена во 22 од 27 земји на Европската Унија, со исклучок на Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска.

Според податоците за јануари, 10 земји од ЕУ регистрирале минимална плата пониска од 1.000 евра месечно. Покрај Бугарија, тоа се и Унгарија 707 евра, Летонија 740 евра, Романија 814 евра, Словачка 816 евра, Чешка 826 евра, Естонија 886 евра, Малта 961 евро, Грција 968 евра и Хрватска 970 евра.

Во следната категорија каде минималните плати се движат меѓу 1.000 и 1.500 евра месечно, се наоѓаат Кипар 1.000 евра, Португалија 1.015 евра, Литванија 1.038 евра, Полска 1.091 евра, Словенија 1.278 евра и Шпанија 1.381 евра.

Земји со минимална плата поголема од 1.500 евра месечно се Франција (1.802 евра), Белгија (2.070 евра), Германија (2.161 евра), Холандија (2.193 евра), Ирска (2.282 евра) и споменатиот Луксембург.

Податоците покажуваат дека највисоката минимална плата во земјите на ЕУ била 4,8 пати повисока од најниската.

Разликите во минималните плати меѓу земјите од ЕУ се значително помали кога се земаат предвид разликите во нивоата на цените во односните земји, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Ако ја користиме вештачката валутна единица PPS која ги елиминира разликите во општите нивоа на цени во земјите на ЕУ, заклучуваме дека минималните плати се движеле од 878 PPS месечно во Естонија до 1.992 PPS во Германија, што значи дека највисоката минимална плата во земјите на ЕУ е 2,3 пати повисока од најниската.

Би можело да ве интересира

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15