Евростат: Катастрофален пад на авиосообраќајот во ЕУ и Северна Македонија

Од:

Пандемијата на коронавирусот речиси целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според податоците на Евростат, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98 отсто, во споредба со истиот период минатата година.

На територијата на ЕУ најтешко поминаа Шпанија, Словачка и Словенија со пад на бројот на патници од 99 проценти.

Шпанија е најпогодена земја со 61,6 милиони патници помалку во вториот квартал од оваа година отколку во истиот период лани.

Според бројките следат Германија со 59,1 милиони, Франција со 44,2 и Италија со 42,6 милиони помалку патници во авионите.

Анализата на Евростат опфати и две земји од Западниот Балкан – Северна Македонија, која држи неславен рекорд – со 2.738 патници во вториот квартал годинава за разлика од лани кога се превезени 602.715 патници, што е пад од околу 600.000, а што се толкува како пад од дури 100 отсто и Србија, каде што бројот на патници се намали за околу милион и пол, што е за 94 проценти помалку отколку во истиот период минатата година.

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо