Европските акции се најдоа под притисокот на продажбата, но поголем пад на берзанските индекси го спречија добивките во банкарскиот сектор поп поволните вести за новите правила за ликвидност ана банките.
Така, лондонскиот индекс FTSE ослаби за 0,4 отсто, на 6.065 поени, а со сличен процент во загуба беше и франкфуртскиот DAX, н а7.741 поени, додека парискиот CAC беше намален за 0,65 отсто и изнесуваше 3.705 индексни поени.
Во центарот на вниманието беше банкарскиот сектор, еден ден откако во неделата Базелската комисија за надзор на банките при Банката за меѓународни срамнувања (BIS) објави дека на банките ќе овозможи дополнителни четири години период и поголема флексибилност за да ги создадат доволните резерви капитал со што на кредиторите ќе им се овозможи поголемо кредитирање на стопанствата а со тоа ќе се поттикне и подзапрениот раст.
Најголеми добитници притоа беа акции на „Natixis” со скок од 5.4 отсто, па следуваа „UniCredit” и „Banco Popular”, чиишто акции скокнаа за 4,4 односно за 4 проценти.
„Барањата во врска со уделот на ликвидниот имот би требало да бидат многу поблаги за банките, имајќи ја предвид проширената палета од имоти којашто во иднина ќе биде квалификувана како ликвидна. Тоа ќе ја отстрани најголемата неизвесност во врска со банките и финансирањето ан стопанствата”. Тоа е позитивно за акциите на банките, но исто така и за целиот пазар”, вели за Reuters Арно Путие, потпретседател во компанијата „IG Markets France”.
Индексот на банкарските акции во еврозоната во просек беше во добивка од 2,1 отсто. Вредноста му се зголеми за 67 отсто од крајот на јули 2012 година кога почнаа да ослабуваат стравувањата за можното распаѓање на еврозоната по изјавите на челникот на Европската централна банка (ECB) Марио Драги дека централната банка е подготвена да преземе сé што е потребно за да ја сочува унијата на единствената европска валута.
На страната на губитниците во понеделникот, пак, беа припадниците на европскиот сектор за енергетско производство и дистрибуција, откако германската „Deutsche bank” го намали инвестицискиот рејтинг на неколку компании, како што се RWE, E.ON и ED, предупредувајќи ги инвеститорите дека во тој сектор нема сигурни засолнипшта