Европскиот стабилизациски механизам ќе издвои 60 милијарди евра за докапитализација на банките

Од:

За итна докапитализација на банките во еврозоната ќе бидат обезбедени до 60 милијарди евра од Европскиот стабилизациски механизам, чиј вкупен фонд изнесува 500 милијарди евра.

Како што соопшти претседателот на еврогрупата Јерун Дејселблум по синоќешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург, членките на блокот се договориле да бидат обезбедени средства за итна докапитализација на банките.

Со ова, според него, ќе се овозможи стабилност на банкарскиот сектор и ќе се создадат услови за излез од „волшебниот круг меѓу кризата, банките и државните буџети“.

Дејселблум нагласи дека секоја заинтересира банка за добивање средства за докапитализација треба да поднесе барање за помош, при што секоја апликација ќе се разгледува индивидуално.

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД