Европскиот механизам за стабилност денеска треба да ја одобри програмата за Грција

Од:

Советот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) вечерва ќе одржи телеконференција на која ќе се разговара новата грчка програма за спас, јавуваат некои грчки медиуми.
Се очекува ЕСМ да ја одобри програмата, откако вечерва ќе заврши процедурата за нејзина ратификација од страна на националните парламенти на земјите од еврозоната.

Членовите на советот на ЕСМ, министрите за финансии од еврозоната, треба да ја ратификуваат програмата, за да може да се префрли првата транша од новата финансиска помош за Грција. На овој начин, Атина ќе може на време, односно утре, да и плати на Европската централна банка, на која и должи 3,2 милијарди евра.

Изминативе денови повеќе парламенти на членките на еврозоната гласаа за учество на нивните земји во грчката програма. По парламентите на Шпанија, Естонија, Литванија и Австрија, грчката програма денес треба да биде одобрена и од Германија и Холандија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит