Европски производители на автомобили: Брегзит без договор би имал катастрофални последици

Од:

Евентуален брегзит без договор би имал катастрофални последици врз водечките вропски производители на автомобили. Тие предупредуваат дека во случај на брегзит без договор врз автомобилите и минибусите ќе се воведат царини и такси според правилата на СТО што ќе ги чинат производителите и потрошувачите околу 5,7 милијарди евра.

– Брегзит не е само британски проблем, изјави Кристијан Пежо, претседател на француската организација на проиозводители на автомобили.

Според него не само извозниците во Британија туку и производителите таму ќе бидат „неизбежно негативно погодени“.

– Само во Велика Британија цената на една минута запирање на производтсвото е 54.700 евра, нагласуваат производителите.

Британската автомобилска индустрија е речиси во целост во сосптевност на странски фирми и е зависна од фабрики во сопственост на германски, француски и јапонски производители.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on