Европската премиера новиот „Гранд Чироки“ ќе ја има на Саемот на автомобили во Женева

Од:

Освежениот „Џип Гранд Чироки“ (Jeep Grand Cherokee)  европската премиера ќе ја има на Саемот на автомобили во Женева 2013.

Освен козметичките измени на купувачите ќе им бидат достапни и некои механички унапредувања.

Откако за прв пат беше прикажан во јавноста на детроитскиот авто-салон во јануари 2013 година, европска публика ќе има можност да го види рестилизираниот „Гранд Чиорки“ на почеткот на март на Саемот на автомобили во Женева.

Популарниот американски СУВ во Европа пристигнува со надворешни стилски измени. Целосно е изменета формата на предниот  браник, што сега изгледа посовремено и заоблено во однос на претходната верзија. Фаровите, покрај дневните ЛЕД светла, добија и поинаква форма, додека формата на маската на ладилникот е омекната така што не е толку доминантна како до сега.

Измените го зафатија и задниот браник и стоп светлата, додека место кружните сега се ставени трапезоидни издувни цевки.

Внатрешноста на автомобилот е опремена со нов YConnect мултимедијален систем со 8,4 инчен екран, чувствителен на допир.

На купувачите во Европа ќе им се понудат Laredo, Limited, Overland и Summit пакетите со опрема, додека изборот на погонските агрегати ќе се состои од бензински V6 и V8 мотори, како и V6 дизел единица.

Кај сите мотори ќе биде достапен и осумбрзински автоматски менувач, што, според зборовите на луѓето од компанијата „Jeep“, треба да придонесе за намалување на потрошувачката на гориво и штетни емисии.

МИА

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on