Европската централна банка ги покачи каматните стапки првпат по 11 години

Од:

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска за првпат по 11 години ги зголеми каматните стапки, откако истото го сторија американската и другите големи централни банки.

Потегот на ЕЦБ отвара нови прашања за тоа дали поскапувањето на кредитите што ќе следува од зголемувањето на каматните стапки, ќе ги турне големите економии во рецесија.

Се очекува зголемувањето на каматните стапки за 0,5 отсто да биде проследено со ново зголемување во септември, можеби за дополнителни 0,5 процентни поени.

Банката наведе дека зголемувањето на кампатната стапка повеќе од очекуваното е последица на „ажурираната проценка на инфлаторните ризици“.

Покачувањето на каматната стапка доаѓа во услови на висока и постојана инфлација во еврозоната и севкупно влошена економска ситуација, последица на војната во Украина од аспект на зависноста на стопанствата на државите од еврозоната од рускиот гас и нафта.

Се погласни се прогнозите дека стопанството во еврозоната ќе влезе во рецесија, додека се повисоките сметки за електричната енергија, горивата и гасот им создават потешкотии на компаниите и ја намалуваат куповната моќ на граѓаните.

Загриженоста заради рецесијата веќе придонесе за пад на вредноста на еврото на 20-годишен минимум во однос на доларот, што влијае за покачување на и онака високите цени на енергенсите, со што дополнително се отежнува борбата на ЕЦБ против инфлацијата.

Зголемувањето на каматните стапки се смета за вообичаен лек против висока инфлација, која минатиот месец во еврозоната изнесуваше 8,6 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европската централна банка испрати предупредување

Европската банка ја зголеми основната каматна стапка

Лагард: Развојот на економијата на еврозоната зависи од ситуацијата во Украина

А1он

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

Финскиот гувернер Оли Рен за постепено зголемување каматните стапки на ЕЦБ

А1он