Европа повлече 62,6 отсто од гасот наполнет летото во подземните складишта

Од:

Европа повлече од своите подземни складишта 62,6 отсто од гасот наполнет во текот на летото, се вели во соопштението на Газпром.

„Според Гас Инфраструктура Европа, заклучно со 15 јануари, обемот на активен гас во подземните складишта во Европа беше за 25 отсто (15,6 милијарди кубни метри) помалку од минатата година. Веќе се повлечени 62,6 отсто од гасот, наполнет во текот на летниот период“, соопшти компанијата во својот официјален канал во Телеграм.

Се прецизира дека обемот на активен гас во европските складишта заклучно со 15 јануари изнесува 46,9 милијарди кубни метри, што е за 1,091 милијарди кубни метри под историските минимални вредности од тој датум.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси