Еврогрупата во уште еден обид да најде решение за Грција

Од:

Министрите за финансии од еврозоната денеска повторно ќе дискутираат за Грција откако минатата недела по речиси 12 часа разговори, не успеаја да се договорат со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард за формула за намалување на грчкиот долг.

Еврогрупата викендов одржа и телефонска конференција на која биле формулирани предлози за технички аспекти за стабилизирањето на грчкиот долг на среден рок. Предлозите ќе бидат поднесени за одобрување на денешната средба на која ќе учествуваат и претставници на ММФ, на Европската комисија и на Европската централна банка.

Предлозите вклучуваат намалување на каматите на билатералните заеми, кои и беа дадени на Грција во првата етапа од финансиската помош и укинување на нови камати. Предложено е и на Грција да и се дадат делумно приходите кои ЕЦБ и централните банки на земјите од еврозоната ќе ги добијат од грчките хартии од вредност. Исто така се предлага грчкиот долг да биде купен на секундарниот пазар на стабилизациските фондови на еврозоната, но не е утврдено колкав дел.

Грција веќе неколку месеци чека да добие транша од финансиската помош во вредност од 31,5 милијарди евра, затоа што и недостасува готовина и состојбата може да доведе до банкрот, јави дописникот на МИА од Атина.

Во меѓувреме, германскиот весник „Шпигл“ пишува дека ММФ и ЕЦБ сметаат оти е неизбежно отпишување на дел од грчкиот долг. Според експерти, на тој начин Атина може до 2020 година да ја намали задолженоста од 144 на 70 отсто од БДП.  Повеќето членки на еврозоната се против оваа мерка. Но, според доброупатени извори, на минатата средба на еврогрупата германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле бил отворен за делумно отпишување на долот, и покрај противењето на другите членови на германската Влада. Германскиот весник тврди дека министрите за финансии од еврозоната денеска се состануваат за да ја деблокираат следната транша од помошта за Грција, а прашањето за делумно отпишување на долгот нема да биде решено ниту на оваа средба.

Во текот на годинава на Грција веќе и беа отпишани околу сто милијарди евра од нејзиниот долг кон приватните кредитори.

Од друга страна, „Катимерини“ пишува дека еврогрупата денеска можеби ќе постигне договор за покривање на финансиската дупка и мерките за да се постигне одржливост на долгот, но со тоа нема да и олеснат на Грција да привлече приватни инвестиции и да ја забрза приватизацијата. „Згора на тоа, најверојатно квази решението ќе придонесе до политичка нестабилност, правејќи ја коалициската Влада да изгледа многу слабо во очите на јавноста“, коментира грчкиот весник.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски