Еврогрупата очекува нови предлози од Грција

Од:

Министрите за финансии од еврозоната очекуваат нови предлози од Грција пред нивната нова средба, планирана за утре, информира претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум на Твитер, цитиран од ДПА.

– Заседанието на Еврогрупата почнува утре во 13 часот (11 часот според Гринич). Министрите очекуваат нови предлози од грчките власти, изјави Дејселблум на својот твит.

Министрите утре треба да ја разгледаат ситуацијата по референдумот во Грција, дополни тој.

– Еврогрупата ќе ја разгледа ситуацијата по референдумот, што се одржа во Грција на 5 јули. Министрите очекуваат нови предлози од грчките власти, се посочува во соопштение на Еврогрупата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит