Еврогрупата го одобри договорот за спас на Кипар од финансиски колапс

Од:

Министрите за финансии од еврозоната му дадоа зелено светло на новиот спасувачки договор, кој Кипар успеа да го постигне синоќа со лидерите на европските институции и меѓународните кредитори, изјавија извори во Брисел, јави ДПА.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изјави дека е мошне задоволен од спогодбата, постигната на маратонските преговори со Брисел.

– Задоволен сум дека имаме програма и таа е во интерес на кипарскиот народ и на Европската унија во целина, нагласи тој.

Банките во Кипар, со исклучок на Народната банка, која ќе биде ликвидирана ќе бидат наскоро отворени, изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум по средбата со министрите за финансии од еврозоната.

– Засега не треба да го објавиме точниот датум за отварање на банките. Одлуката ќе биде донесена по консултациите со експерти од тројката во текот на денешниот ден, додаде тој.

Дејселблум изјави исто така дека со оглед на тоа дека решението за антикризната програма на Кипар е постигнато, ултиматумот на Европската централна банка е исполнет и таа ќе продолжи да ја обезбедува ликвидноста на кипарските банки.

Во замена за меѓународната помош Кипар ќе треба драстично да го намали преголемиот банкарски сектор, да ги намали буџетските трошоци, да изврши структурни реформи и да ги приватизира државните активи.

Претседателот на Еврогрупата нагласи дека повеќе од Кипар не се бара да собере 5,8 милијарди евра сопствени средства и оти точната сума на националниот пакет за помош на банкарскиот систем се уште не е пресметана. – Заборавете на таа бројка, ние веќе не ја споменуваме. Усвоивме нов план, кој има зал цел да ги реши проблемите на двете најголеми банки во земјата. Точната сума треба да се пресмета, додаде Дејселблум.

Тој потврди дека износот на меѓународната помош за Кипар останува десет милијарди долари и изрази увереност дека сите национални парламенти на земјите од еврозоната, вклучувајќи ги и Холандија и Германија ќе го одобрат отпуштањето на меѓународната помош во тие услови.

– Народната банка ќе исчезне, а Банката на Кипар ќе биде значително намалена, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.  Најголемата банка на Кипар ќе мине низ болно престуктурирање, при што параметрите на процедурата се уште не се определени, но познато е дека ќе останат неприкосновени само депозитите до сто илјади евра.

– Во однос на поголемите кредити властите на Кипар во соработка со меѓународните кредитори ќе ги пресметаат следните неколку недели точните проценти, кој од нив ќе бидат задржани за потребите на престуктуирањето, додаде Лагард.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ