ЕВН Македонија ќе инвестира над милијарда евра во дистрибутивната мрежа

Од:

ЕВН Македонија во наредните дваесет години ќе инвестира над една милијарда евра во нови енергетски капацитети во дистрибутивниот систем, предвидува Мастерпланот на ЕВН што беше презентиран денеска.

Проектите предвидени во Мастерпланот ќе се реализираат на целата територија на Македонија, а со нив ќе се подигне квалитетот на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија.

– Инвестициите од една милјарда евра ќе значат повисок квалитет на дистрибутивната мрежа и енергетска ефикасност на системот. Побарувачката за енергија во следниот период ќе се зголеми за два отсто, а нашите инвестиции одговарат на овие предвидувања. Со реализација на Мастерпланот ќе продолжиме со надградба, реконструкција и модернизација на модерната мрежа, изјави Вернер Хенгст, претседател на УО на ЕВН.

Тој посочи дека заложбите на ЕВН Македонија за подобрување на дистрибутивниот систем се можни со партнерски однос и соработка со сите надлежни институции и со бизнис секторот и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи добрата соработка.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека соработката со енергетските компании е важна за подобрување на бизнис климата.

– Еден од основните чинители на ефикасна економија е да се има стбилно и квалитетно снабдување со електрична енергија…Кога станува збор за слободните економски зони, инвеститорите се заинтересирани за достава на електрична енергија, а ЕВН е главен фактор во овој сегмент. Овој Мастерплан е шанса за зголемување на капацитетот на енерегијата за потрошувачите. Со него се покажува дека Македонија е добро место за инвестиции, дека визнис климата е поволна и дека вреди тука да се инвестираат средства и да се остане на подолг рок, изјави Пешевски.

Тој нагласи дека како Влада ќе продолжат со напорите за подобрување на преносната мрежа и во доелот на производстовото на електричната енергија.

Министерот за економија Ваљон Сараќини потенцираше дека инвестициите во енергетскиот сектор се најважен и најзначаен двигател на економскиот раст и предуслови за одржување на квалитетот и комодитетот на современиот начин на живот на граѓаните.

– Министерството за економија и Владата во изминатиот период донесоа низа на мерки чија главна цел е подобрување на бизнис климата. Основа за секој бизнис е пристапот до енергија и квалитетот на снабдувањето. Наша задача е креирање на соодветна енергетска политика. Затоа донесовме Стратегија за развој на енергетскиот сектор до 2020 година што има цел да обезбоеди генерална рамка за развој на енергетиката, рече Сарачини.

Би можело да ве интересира

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

A1on