ЕВН ги приспособи броилата за дневната евтина тарифа

Од:

ЕВН Македонија заврши со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила што се воведе од 1 октомври годинава.

– Согласно планот, прилагодувањето на броилата се спроведуваше во период од четири отчитувачки недели, почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое прилагодено броило се покажува Т2 индикатор во периодот од 14:00 до 16:00 часот секој работен ден и сабота, информираат од ЕВН Македонија.

Истакнуваат дека и покрај тоа што тимови на компанијата ги посетиле сите мерни места, потребата од физички контакт на тимовите со броилата го оневозможило спроведувањето на дневната евтина тарифа за недостапните броила.

– Ова, потенцираат, значи дека броилата до кои немавме пристап, се уште не се прилагодени, а тие се најчесто викендици или моментално иселени корисници.

ЕВН Македонија во наредните недели најавува дека ќе продолжи со приспособување на останатите броила кои биле недостапни, како дополнителен план за спроведување на дневната евтина тарифа.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја