Еуросупер 98, фантастични 90 денари?

Од:

Утре нов удар по џебот на граѓаните. Поскапуваат бензините.

Според најавите, цената на Еуросупер 98 ќе ги достигне фантастичните 90 денари.

По две недели Регулаторната комисија, на утрешната седница треба да ја донесе одлуката за зголемување на цените на бензините за околу 2,5 до 3 денари.

Владата не го прифаќа барањето на опозицијата да се откаже од акцизата за бензинот, со што автоматски би се намалила цената на бензините.

За потсетување, Владата се откажа од акцизите пред последните парламентарни избори, но брзо по гласањето повторно ја врати акцизата.

Во Србија , Владата се откажува од акцизата за некои потрошувачи на гориво.

Веќе е најавен ценовен шок и серија поскапувања на виталните прехрамбени продукти, по поскапувањето на електричната енергија и парното.

Владата, по примерот на Србија, не сака да ја врати ниту дневната евтина тарифа.

Граѓанското здружение „ Аман“, упорно бара намалување на цените.

Мнозинскиот синдикат засега молчи. Единствено барањата ги поддржа медиумскиот синдикат.

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поевтинуваат горивата

Поскапува мазутот