ЕУ ја издаде втората обврзница за помош на работниците во висина од 14 милијарди евра

Од:

Европската комисија во име на Европската Унија ја издаде втората социјална обврзница во вкупна вредност од 14 милијарди евра, со цел да ги заштити работниците и работните места погодени од последиците од пандемијата на Ковид-19.

– Пазарот повторно ни даде доверба пропратена со силен интерес од инвеститорите и поволните услови, што е прекрасна вест за ЕУ како издавач и заемопримач, за пазарот на социјални обврзници, а пред се за граѓаните на ЕУ, кои ќе ја добијат потребната финансиска поддршка за овие тешки времиња, изјави еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

Издавањето се состои од две обврзници, со отплата од осум милијарди евра во ноември 2025 и шест милијарди евра за отплата во ноември 2050 година.

ЕК кон крајот на октомври издаде воведна социјална обврзница во износ од 17 милијарди евра, средства кои ги поделија Италија, Шпанија и Полска.

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина