ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта

Од:

Европската Унија формално ја потврди одлуката за воведување ограничувања на цената на нафтата што се транспортира по морски пат од Русија, објави Чешка, која претседава со ЕУ.

„Амбасадорите штотуку постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат”, соопшти Чешка.

Следува писмена процедура, а одлуката за ограничување на цената на руската нафта ќе стапи во сила по објавувањето во Службен весник, соопшти Чешка.

Амбасадорот на Полска во ЕУ, Анджеј Садош, претходно изјави дека Полска се согласила на договор со ЕУ за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат на 60 долари за барел.

Варшава инсистираше цената да биде под пазарната, со цел да се ограничат приходите на Москва за финансирање на војната во Украина.

Ограничувањето на цената на нафтата, идеја која потекнува од Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на цената на нафтата на светско ниво, по ембаргото на ЕУ за руските енергетски производи што ќе влезе во сила на 5 декември.

Садош појасни дека ЕУ сега може да започне писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават на 4 ноември, ден пред да стапи во сила ембаргото.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне