ЕСМ Снабдување со топлина: Добивање на фактурата на меил е најсигурен и најеколошки начин на достава на сметките

Од:

ЕСМ Снабдување со топлина апелира сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура затоа што е тоа најсигурен, најбрз, најекономичен и најеколошки начин на достава.

За тоа, како што известуваат од ЕСМ Снабдување со топлина, треба да пополнат формулар кој може да го побараат од Центарот за грижа на корисници да им се достави на меил, да го испечатат и пополнат. Пополнетиот формулар можат да го остават во некој од нивните 3 пункта или скениран да го достават до Центарот за грижа на корисници. Формуларот можат да го преземат и во хартиена форма од нивните пунктови, да го пополнат и да го остават во пунктот.

ЕСМ Снабдување со топлина располага со 3 пункта:

  • на ул. 11 Октомври 9, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ
  • на ул. Лондонска бр. 8, кај Топланата Запад (населба Тафталиџе)
  • на бул. Јане Сандански бр. 49, кај Капитол мол (населба Аеродром)

„На пунктовите, нашите потрошувачи можат да склучат договори како и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура, и сл.

Работното време на сите три пункта е пон-петок од 07:30 до 19:00, сабота од 08:00 до 13:00.

Во врска со начините на плаќање,покрај плаќањето со траен налог отворен кај банките,  потрошувачите ги имаат на располагање следните  можности:

-без провизија да ги плаќаат фактурите на пунктовите на ЕСМ Снабдување

– на шалтерите во банките и во македонска пошта

– со електронско банкарство, и тоа со ПП30 налог или со користење на побрзиот начин со електронското банкарство на самата банка во делот на топлинска енергија.

Потрошувачите да се обраќаат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100 и на меил адресата [email protected] за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, или пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, како и за достава на формуларот за е-фактура“, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Оттаму додаваат дека се изработени фактурите за топлинска енергија за месец ноември и нивната достава е започната.

Рокот на плаќање на фактурата за ноември е 30.12.2022. Рокот на плаќање на фактурата за октомври е 15.12.2022.

„Износот на фактурите за топлинска енергија за месец ноември на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август, септември и октомври. Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан во фактурата како поединечна финансиска поддршка од Буџетот на Р.Северна Македонија преку АД ЕСМ, за фиксните и варијабилните трошоци.

Потрошувачите ги добиваат фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи фактурaта ќе ја добијат во хартиена форма на својата адеса на живеење“, се додава во соопштението на ЕСМ Снабдување.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови