ЕСМ: Чекаме понуди за набавка на гас од „Макпетрол“ и уште две фирми

Од:

АД ЕСМ денеска испрати допис до „Макпетрол“, и до уште две други фирми, кои покажаа интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ, во кој допис од нив е побарано до 20.10.2022г да достават понуда за гас за периодот ноември-април.

Понудата што треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции.

„Инаку, за периодот ноември-април АД ЕСМ има потреба од 225 милиони м3 природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период на топланите „Исток“ и „Запад“, „Когел’ и на ТЕ-ТО доколку и оваа електрана биде интергрирана во електроенергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со неа“, велат од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд