ЕС ќе го разгледува прашањето за буџетот на ЕУ до 2027 година

Од:

Шефовите на држави или влади на Европската унија се состануваат денеска во Брисел на разговори околу предлогот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за заедничкиот буџет до 2027 година.

Минатата недела Мишел предложи буџет со кој се намалуваат дел од тековните трошења.

Намалувањето на средствата е поврзано со повлекувањето на Велика Британија од ЕУ, што доведува до недостаток од 75 милијарди евра во текот на следните седум години.

Мишел предложи да се надмине буџетскиот јаз со воведување нови даноци за европските граѓани.

Според Европската комисија, предлогот на Мишел е „добра почетна точка“.

За Европскиот парламент, предлогот е „незадоволителен“, „разочарувачки“ и „неприфатлив“.

Мишел предлага да се зголемат расходите за дигитализација, безбедност и одбрана, гранична заштита и европски претставници. Се предлага да се ограничат фондовите за земјоделство, особено за рурален развој и директни плаќања на земјоделците, како и предпретпристапните фондови.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер