Ерменија ќе се приклучи кон Евроазиската економска унија

Од:

Ерменија донесе одлука да се приклучи кон Евроазиската економска унија, со цел да му даде нов импулс на развојот на својата економија, соопшти денеска ерменскиот претседател Серж Серкисјан по средбата со неговиот српски колега Томислав Николиќ во Ереван.

– Со размената на стоки, услуги, капитал и работна сила, со пристапот до енергетски ресурси и со усвојувањето на единствени транспортни решенија на евроазискиот простор, ќе се појават нови можности за зголемување на конкурентниста и ефективноста на нашата економија, изјави Саркисјан.

Ерменскиот претседател при тоа нагласи дека партнерите на Ереван треба да знаат дека „евроазиската интеграција никогаш нема да биде во спортивност со дијалогот со ЕУ“.

– Дијалогот продолжува и ќе продолжи бидејќи имаме многу заедничи интереси, нагласи Саркисјан.

Договорот за создавање на Евроазиската еконосмка унија го потпишаа Русија, Белорусија и Казхстан на 29 мај 2014 година и тој треба да стапи во сила на 1 јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска