Ердоган: Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска, по враќањето од Сочи, изјави дека Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи.

– Позитивен аспект од нашата посета на Сочи е договорот со господинот (рускиот претседател Владимир) Путин за плаќање во рубљи, изјави Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи каде што се сретна со Путин.

Двајцата претседатели се договориле испораките на руски гас за Турција „делумно да се плаќаат во рубљи“, соопшти синоќа вицепремиерот на Русија Александар Новак.

Ердоган не го прецизираше обемот на идните трансакции во рубљи.

Со месеци Русија се обидува да ја наметне сопствената валута за плаќањето на гасот поради санкциите што ги воведоа западните земји поради нејзината инвазија на Украина.

Иако брзо ја осуди руската офанзива, Турција се одлучи за неутралност и не се приклучи на западните санкции против Москва.

Во 2021 година, Русија обезбедуваше околу една четвртина од увезената нафта на Турција и 45 отсто од природниот гас.

Ердоган и Путин во Сочи се договорија и за зајакнување на енергетската и економската соработка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа