„Ербас“ во вториот квартал забележа раст на профитот од 23 проценти

Од:

Европскиот производител на авиони „Ербас“ во вториот квартал од годината забележа раст на профитот поради продажба на авионите „А320 нео“.

Приходите на „Ербас“ се зголемени за 23 проценти и достигнаа 18,3 милијарди евра.

Нето профитот на „Ербас“ во вториот квартал изнесува 1,16 милијарди евра што е зголемување за 213 милиони евра во споредба со истиот период од минатата година

Извршниот директор на „Ербас“ Гијом Фори изјави дека компанијата планира до крајот на годината да испорача од 880 до 890 патнички и товарни авиони.

Конкурентот на „Ербас“, американскиот производител на авиони „Боинг“ предвидува дека до крајот на годината ќе забележи раст од 15 проценти во споредба со 2018 година.

Би можело да ве интересира

Пакистан го затвора воздушниот простор за индиските авиокомпании

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо