Ербас со повеќе порачки од Боинг

Од:

Најголемиот европски производител на авиони, Ербас во изминатата година имал повеќе порачки отколку американскиот ривал Боинг.

Сепак гигантот од Сиетл испорачал повеќе авиони и порачките кај него се повредни отколку кај Европејците.

Ербас продал 1.456 нови авиони, 24 повеќе отколку Боинг со што 2014 била за таа компанија рекордна во однос на продажбата.

Новите порачки кај Ербас се вредни 148 милијарди евра споредено со 197 милијарди евра колку вредат кај Боинг, кој исто така испорачал речиси 100 повеќе авиони отколку Ербас – односно 723 наспроти 629.

Новите нарачки се зголемени и кај двата производитела – 6.386 кај Ербас и 5.789 кај Боинг.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран