ЕП против измамите со километража кај користени возила

Од:

Европскиот Парламент со големо мнозинство го изгласа извештајот за манипулација со бројачите на километри при продажбата на користени возила, со кој се предлагаат законски и други решенија за спречување на таа незаконска пракса. Со извештајот се предлага таквите измами да се третираат како кривично дело во ЕУ.

Европарламентарците предложија и низа препораки за намалување на економската штета од таквите измами. Мерките предвидуваат создавање европска база на податоци која ќе ги собира информациите за километража на возилата, редовно читање на километражата за време на техничките прегледи и интеграција на подобри технички решенија од произведувачите, се наведува во извештајот.

Европарламентот од членките бара измамите поврзани со бројачите на километри да се третираат како кривично дело и за лицето кое бара измена на состојбата на бројчаникот и за лицето кое ќе ја изврши измената, објави Ал Џезира – Балкан.

Се проценува дека штелувањето бројчаници ја чини Европа меѓу 5,6 и 9,6 милијарди евра годишно, кои паѓаат на товар на сите, од трговците и произведувачите, до осигурувањето и купувачите.

Купувачите не само што плаќаат повеќе пари отколку што вреди користениот автомобил, туку и брзо им растат трошоците за поправка и одржување, а таквите возила се понесигурни на автопатиштата и повеќе ја загадуваат околината.

Истражувањата покажуваат дека измамите со километража се почести во случаите на прекугранична продажба на возила. Меѓу 30 и 50 отсто од увезените користени возила имаат наместени бројачи.

Би можело да ве интересира

Руски агенти им плаќаат на луѓе од Србија и БиХ да ставаат пур-пена во издувните цевки на автомобилите

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Николовски: Спречен организиран криминал со употребувани возила, запленети 35 автомобили

Поднесено е обвинение против бандата која криумчареше луксузни автомобили, за еден осомничен мерки на претпазливост

Горан Наумовски

На патарините во државава лани е регистрирана фреквенција на 62.662.988 возила

Обвинителство: Измамниците со лажни документи во Македонија внесувале крадени автомобили

Горан Наумовски