ЕП и земјите членки на ЕУ постигнаа привремена спогодба за буџетската рамка за периодот 2014-2020 година

Од:

Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ синоќа постигнаа привремена спогодба за буџетската рамка на Унијата за периодот 2014-2020 година, пренесоа британските медиуми.

-Ги завршивме преговорите. Водечкиот преговарач за парламентот и јас договоривме пакет, што и двајцата ќе го препорачаме (соодветно на ЕП и на Советот на ЕУ), соопшти ирскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и трговија Ејман Гилмор, кој ги претставуваше владите на земјите членки на преговорите во Брисел што траеја повеќе од едно деноноќие.

Гилмор соопшти дека ќе побара од министрите за финансии на ЕУ, на својата денешна средба во Луксембург, да го поддржат договорот.

Ратификацијата на спогодбата, меѓутоа, веднаш беше ставена под прашање од главниот преговарач на Групата социјалисти и демократи (ГСД) во ЕП, Ивајло Калфин. Тој јасно кажа дека втората по големина група во Европарламентот не е задоволна од спогодбата.

-Преговорите завршија. Незадоволително за сите. Не можеме да ја потврдиме спогодбата од вечерва, напиша бугарскиот европратеник социјалист на Твитер.

Без поддршката на ГСД не е јасно дали Европскиот парламент ќе ја ратификува спогодбата. Гласањето е закажано за почетокот на следниот месец.

Можно е да бидат неопходни нови преговори меѓу ЕП и владите на земјите членки за да се обезбеди мнозинство за поддршка на спогодбата. Ако тоа не се случи може да биде забавен почетокот на финансирањето на посиромашните региони во ЕУ, засегнати од рецесијата, и на новата иницијатива за борба со нараснатата невработеност на младите.

Европскиот парламент од февруари е во конфликт со Советот на ЕУ, кога националните влади се договорија буџетот на ЕУ во следниот седумгодишен период да биде ограничен до 960 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп