Енергетската безбедност: Фактор за мир или причина за судири

Од:

Енергетската безбедност не е директен безбедносен предизвик и закана за безбедноста, но е на листа на приоритети на безбедносните актери (државите и меѓународните организации), поради силното влијание на економијата и политиката.

Денес овој вид како небезбедносен предизвик за глобалната безбедност е познат по силната надворешно политичка, воена и економска димензија која е поттикната од играње на карта на независноста, која ја водат некои држави, привилегирани бидејќи поседуваат природни енергетски ресурси, нафта, гас, јаглед, вода, радиоактивни супстанции и друго.

Енергетска зависност

Безбедноста на енергијата претставува виртуелна причина за меѓузависност во рамки на меѓународната заедница, бидејќи најголем број држави се зависни од тие кои поседуваат енергетски извори. Да речеме дека е незамисливо постоење на енергетска безбедност во ЕУ, а да се нема предвид дека Русија со своите ресурси за природен гас и нафта, е една од нејзините најголеми снабдувачи.

Поради тоа ЕУ од 2008 година ја вклучи енергетската безбедност или зависност на листата на приоритети, бидејќи претставува најголема закана за нејзиниот економски развој, а проценките се дека до 2030 година година Унијата мора да увезува 75 отсто нафта и гас за потребите на стопанствата на своите членки.

Основните претпоставки за разбирање на современото значење на енергетската безбедност се фокусираат на две димензии: обезбедување на доволни количества на енергија за во иднина и наоѓање на нови, алтернативни извори на енергија и обезбедување на услови за нивна безбедна дистрибуција на потрошувачите и отстранување на сите потенцијални закани за тој процес.

Три димензии

Вредноста и значењето на енергетската безбедност различно се перцепира од пристапот на државите, но заедничкото разбирање е обезбедување на доволна количина на енергија сега и во иднина.

Има неколку големи прашања кои покренуваат расправи за енергетската безбедност, а се темелат на три димензии, кои ги истакнува М. Клер: опасности кои можат да доведат до успорување на производството, пред се на нафтата како најважен енергенс; промена на глобалниот план на центри кои ќе располагаат со големи количества нафта, каде ќе станат помалку значајни позициите на богатиот север, туку во тоа ќе стане доминантен сиромашниот југ; и директна закана по нафтените постројки и нафтоводите од страна на екстремистите (бунтовниците, терористите, итн.).

Мир и конфликти

Прашањето кое е во фокусот на современата светска политика е дали енергетската безбедност претставува важен фактор за мирот и стабилноста или таа ќе предизвикува нови конфликти во светот?

Во некои случаи, енергетската безбедност може да биде директна причина за конфликт или може да предизвика меѓународни спорови кои индиректно можат да придонесат за нарушување на мирот и безбедноста. Затоа стана поле на кое балансираат меѓународните односи.

Влијанието кое енергетската безбедност може да го има на регионалната безбедност и стабилност се повеќе се потенцира и разгледува. Се проценува дека енергетската безбедност ќе има централно место во идното обликување на европскиот и евроазискиот простор.

Енергетската зависност, во голема мера ќе придонесе за дефинирање и изградба на меѓузависни внатрешни и надворешни регионални односи внатре и меѓу следните региони: Европа, источен Медитеран, Црно Море, Кавказ, Централна Азија, Русија и Блискиот исток.

Воспоставување и одржување на стабилни политички односи

ЕУ е втор најголем потрошувач на енергија на светот и најголем увозник на енергенси, што претставува најосновна причина за нејзината меѓузависност. Меѓу 40 и 45 отсто од глобалната енергија се увезува во ЕУ, од која над 60 отсто е нафта и 84 отсто гас. а 10 нејзини членки директно се зависни од увезената енергија.

Од тука важно е да се истакне дека енергетската безбедност има истакната надворешно-политичка димензија за државите или организациите кои најмногу увезуваат, па нивната дипломатија најмногу е насочена на воспоставување и одржување на стабилни политички односи со држави кои се најголеми светски снабдувачи на нафта и природен гас.

Агора – Подгорица

Би можело да ве интересира

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Објавено е огромно откритие за нуклеарната фузијата, потенцијален извор за бесконечна енергија

Катерина Ѓуровски

Мерки за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор во Грција

А1он

Македонија влегува во енергетска криза порачува Делегацијата на германското стопанство

Катерина Ѓуровски