„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Од:

Во следните неколку дена, односно до крајот на месецов се очекува во Грција да биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција, пишува грчкиот портал „Енерџи прес“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на порталот специјализиран за енергетски теми, грчкиот национален оператор за пренос на гас (ДЕСФА) е подготвен за почеток на конкретната процедура за избор на изведувач што ќе ја преземе изградбата на гасоводот и набавката на секундарни материјали.

-Намерата на Операторот е процесот со потенцијалниот изведувач да заврши наесен за да може да се донесе конечната инвестициска одлука, секако пред крајот на годината, па дури и пред декември. Дополнително, според истите информации, почетокот на работата на гасоводот се очекува да биде кон средината на следната година, пишува „Енерџи прес“.

Порталот посочува дека грчкиот оператор ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Северна Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.

-Доминацијата на ДЕСФА над останатите кандидати на тендерот, практично значи дека Операторот на грчкиот систем ќе има надзор над изградбата на целата инфраструктура, бидејќи е одговорен и за развојот на делот на домашен терен, пишува порталот.

Интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас, а планирано е да биде завршен до средината на 2025 година.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил