ЕЛЕМ: РЕК Битола функционира одлично

Од:

Без никаква намера да полемизираме со ставовите на политичките субјекти, во интерес на јавноста и нејзиното точно и објективно информирање, АД ЕЛЕМ го истакнува следното:

– РЕК „Битола“ работи во услови на грејна сезона во согласност со потребите и барањата на ЕЕС на државата Сите производни капацитети на комбинатот се насочени кон остварување и обезбедување на потребното количество на електрична енергија и работат со капацитет соодветен на динамиката која ја налага производниот процес. Засега оваа цел се остварува континуирано и нема никакви проблеми со снабдувањето државата со електрична енергија.

– Главниот транспортен систем за јаглен од ПК Брод – Гнеотино до ПК Суводол кој неодамна се пушти во функција, работи во задолжителниот гарантен рок , со проблеми соодветни за функционирањето на вакви големи системи.

– Што се однесува до одредените кадровски поместувања во РЕК„Битола“ може да се каже дека тие се единствено во функција на подобрувањето на работата и заштита на интересите на Компанијата.

– И на крај, само во РЕК„Битола“, АД ЕЛЕМ повеќе капитални проекти, а вредноста на вложените средства е најголема од изградбата на Комбинатот во далечната 1975 година, што допринесе не само за подобрување на во последните неколку години инвестираше во електро енергетскиот систем туку и за економијата на државата, особено за граѓаните од овој регион.

– Извршена е модернизација и автоматизација на турбо агрегатите и генераторите на трите енергетски блока на термоелектраната, започната е модернизацијата на котлите во термоелектраната, отворени се два нови рудници – ПК Брод – Гнеотино и Подинската јагленова серија на ПК Суводол, засилени се производните капацитети со нова рударска опрема, роторни багери, багери дреглајни, одлагачи, а минатата годинава заврши и монтажата на Главниот транспортен систем за јаглен од ПК Брод – Гнеотино до ПК Суводол во должина од 10 километри.

– Значи реализацијата на овие крупни инвестициони зафати неминовно доведе и до зголемување на обемот на работа во Комбинатот и потреба од отворање на нови работни места.

– Со оглед на тоа што РЕК„Битола“ длабоко навлезе во четвртата деценија од неговото постоење, неминовно се наметна и потребата од промена на неговата старосна структура на вработени, освежување на Комбинатот со ангажирање на млад стручен кадар и замена на оние преку 500 работници на кои само во последните неколку години, по различни основи им престанал работниот однос, се вели во се вели во писмената реакција од ЕЛЕМ на изјавите на СДСМ за оваа компанија.

Би можело да ве интересира

Министерката за енергетика очекува стабилна грејна сезона

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија, неспособноста завршува со нив

Предраг Петровиќ

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

Тешко повреден работник во рудникот „Брод – Гнеотино“

Горан Наумовски

Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО

(ВИДЕО) Стојановски: СДС да каже каде завршиле над 90 милиони разлика во цени од тендер во РЕК Битола

Горан Наумовски