Екстремно ниските температури штетно ќе влијаат врз овошните насади

Од:

Екстремно ниските температури што го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион може штетно да се одрази по овошните насади сметаа агрономите. Според Неџбедин Мемедов, од Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството во Делчево, штетата врз овошките ќе биде помала доколку температурите се движат во рамки на минус 15 степени Целзиусови.

– Доколку ниските температури продолжат, а според метеоролозите се најавува остра зима, повеќе со голомразица, сигурно дека ќе се одрази штетно на овошките. Затоа треба да се врши контрола на самите насади. Доколку се задржат овие температури повеќе од месец дена и истите се движат до минус 20 степен, сигурно ќе се одрази штетно врз овошните насади, вели Мемедов.

Додава дека во тој случај доаѓа до измрзнување на овошките.

– Тоа најмногу ќе се покаже со сокодвижењето на пролет кога ќе дојде до дехидрација на цели стебла. Затоа за да нема вакви состојби, претходно ова може да се ублажи со солидна исхрана на овошките што треба да е подготвена во текот на есента со употреба на арско ѓубриво и минимална резидба. Но, резидба никако не треба да се прави кога температурата е екстремно ниска, туку треба да се следи временската состојба и спрема тоа да се постапува соодветно, вели агрономот Мемедов.

Засега студот не се очекува да предизвика проблеми кај житните култури. Како што велат агрономите на есенските житни посеви евентуална снежна покривка им е повеќе од потребна. Снег според прогнозите може да се очекува кон крајот на неделата.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски