Економијата на Бугарија трпи загуби поради санкциите на ЕУ и контрамерките на Русија

Од:

Бугарската економија трпи загуби поради антируските санкции на ЕУ и контра мерките на Русија и бугарската Влада не е задоволна од оваа ситуација, изјави бугарскиот вицепремиер Ивајло Калфин, пренесува БТА.

Калфин е на средба во Москва со претседателот на комитетот за меѓународни прашања во Советот на федерацијата Константтин Косачов.

Според Калфин може да се зборува за завршување на тешкиот период во односите меѓу Русија и ЕУ само по регулирање на ситуацијата во Источна Украина. – Бугарија секогаш зазема и зема став дека ситуацијата во Источна Украина треба да се реши и дека сите треба да учествуваат во тоа, истакна тој.

Калфин, исто така, нагласи дека за Бугарија Русија е многу важен партнер, а односот кон Русија во Бугарија на ниво на обичен граѓанин е многу топол и пријателски.

Косачов нагласи дека Бугарија менувајќи ја геополитичката ориентација кон НАТО и ЕУ, може да има во оваа организација сопствена улога во контекст на односите на организацијата и Русија. – Според нас засега тој потенцијал на Бугарија во голем степен не се користи и со жалење можам да кажам дека тоа се покажа како пречка на патот за реализирање на проектот Јужен Поток, заклучи рускиот сенатор.

Бугарскиот вицепремиер Калфин, истакна дека Бугарија не гледа алтернатива на испораката руски гас за Европа. – Сега Европа се стреми кон ограничување на доставата на руски гас, но моментално тој нема алтернатива. Тоа не е само моја позиција, тоа е позиција на владата на Бугарија, нагласи Калифан.

Калифан, исто така, додаде дека не гледа економска потреба од намалување на испораките на руски гас во Европа. – Моментално Русија доставува околу 40 проценти од целокупниот гас во Европа, а во земјите од Централна и Источна Европа дури 80 проценти, истакна Калифан.

Би можело да ве интересира

Бугарската десничарска партија не успеа да формира влада

Горан Наумовски

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он