Екипажи на Катај Пацифик поминале вкупно 73.000 ноќи во карантин

Од:

Екипажи на авиокомпанијата Катај Пацифик од Хонг Конг минатата година поминале вкупно 73.000 ноќевања во хотели или центри за карантин, време еднакво на 200 години, соопшти авиокомпанијата.

Тешки се времињата за авиокомпанијата, која се бори да обезбеди летови и покрај драконските санитарни мерки на властите во Хонг Конг.

Претседателот на компанијата, Патрик Хили, во видео порака им се заблагодари на сите вработени за жртвите што ги направиле, бидејќи особено строгите мерки против Ковид-19 често ги одвојуваат вработените од нивните семејства со недели.

Авиокомпанијата од Хонг Конг е под истрага по појавата на враќање од странство на двајца членови на екипаж на лет кои не ја исполниле својата обврска да останат под домашен карантин. Катај Пацифик е една од најголемите светски авиокомпании најтешко погодени од пандемијата, најмногу поради недостатигот на домашниот пазар.

Неодамна, бројот на транспортни летови што и овозможија да заработи одреден приход беше намален поради заострувањето на правилата за карантин за екипажите. Пилотите и екипажи мора да бидат ставени во карантин во хотел или дома кога се враќаат од странство.

Би можело да ве интересира

Хонг Конг понуди 36,6 милијарди долари за Лондонската берза

Ана Ололовска

„Економист“: Париз, Хонг Конг и Сингапур се најскапи градови во светот

Ана Ололовска

Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг

Наум Локоски

Прегратката од копното-мајка

Ана Ололовска