ЕК ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Бугарија за оваа и ја намали за 2023 година

Од:

Бугарскиот реален бруто домашен производ (БДП) ќе порасне за 2,8 проценти во 2022 година, што е, сепак, многу под пријавените 4,2 проценти во 2021 година, а темпото ќе се забави на 2,3 проценти во 2023 година. Ова го посочуваат летните економски прогнози на Европската комисија, објавени денеска.

Европската комисија ја зголеми прогнозата за економскиот раст на земјата за оваа година и значително ја намали за следната.

Во својата пролетна проценка, Брисел се залагаше за раст на бугарската економија од 2,1 отсто во 2022 година и 3,1 отсто во 2023 година.

Во услови на повисоки цени на струјата и храната, Европската комисија очекува забрзување на инфлацијата во Бугарија до 12,5 отсто во 2022 година, по што ќе се намали на 6,8 отсто во 2023 година. Во текот на пролетта се залгаше на пониско ниво на показателот за оваа и следната година – 11,9 проценти, односно 5 проценти.

Во првиот квартал од 2022 година, БДП на Бугарија порасна за 0,8 отсто на квартална основа, при што сите компоненти на побарувачката придонесоа за ова зголемување. Зголемената приватна потрошувачка беше поддржана од поволните услови на пазарот на трудот и остриот пораст на платите во приватниот сектор на почетокот на годината. Довербата на потрошувачите се влоши од март оваа година, што укажува на помала приватна потрошувачка во остатокот од годината, се вели во извештајот.

ЕК очекува извозот на стоки и услуги од Бугарија да расте во 2022 година, како поради извозот на стоки, така и поради туризмот. Спроведувањето на планот за закрепнување и одржливост ќе биде главниот двигател за забрзаниот раст на инвестициите во 2022 и 2023 година.

Нагорната ревизија од 0,7 процентни поени на проценката на Брисел за реалниот раст на БДП во 2022 година главно го одразува силното закрепнување во првиот квартал од годината. За следната година прогнозата е намалена за 0,8 процентни поени.

Намалувањето на проценката за 2023 година се објаснува со понеповолното надворешно опкружување и позаострените кредитни услови во комбинација со послаб раст на реалните плати.

Значителниот пораст на платите во 2022 година ќе доведе до дополнително зголемување на цените, особено во нетрговскиот сектор. Во контекст на послабите кредити и приспособените инфлациски очекувања, платите ќе растат со поумерено темпо во 2023 година, што ќе доведе до послаб раст на потрошувачките цени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени