ЕК исплати нови 14 милијарди евра помош на земјите-членки

Од:

Европската комисија исплати 14 милијарди евра на девет земји-членки во четвртата транша од финансиската поддршка наменета за зачувување на работните места.

Во рамките на денешната транша, Белгија доби 2 милијарди евра, Кипар 229 милиони евра, Унгарија 304 милиони евра, Летонија 72 милиони евра, Полска 4,28 милијарди евра, Словенија 913 милиони евра, Шпанија 1,03 милијарди евра, Грција 728 милиони евра и Италија 4,45 милијарди евра.

ЕК наведува дека овие заеми ќе им помогнат на земјите-членки во решавањето на зголемените јавни трошоци со цел да се зачува вработувањето, односно да им се помогне на земјите-членки да ги покријат трошоците директно поврзани со финансирањето на националните шеми на ограничено време и слични мерки воведени како одговор на пандемијата на коронавирусот.

По денешните исплато, 15 земји-членки добија вкупно 53,5 милијарди евра во рамки на инструментот за зачувување на работните места.

Кога ќе завршат сите плаќања, Белгија ќе добие 7,8 милијарди евра, Кипар 479 милиони евра, Унгарија 504 милиони евра, Летонија 192 милиони евра, Полска 11,2 милијарди евра, Словенија 1,1 милијарди евра, Шпанија 21,3 милијарди евра, Грција 2,7 милијарди евра и Италија 27,4 милијарди евра.

Брисел наведува дека досега 18 земји-членки добиле одобрение за користење на овие средства во вкупен износ до 100 милијарди евра и дека барањата за помош сè уште можат да бидат доставени до Европската комисија.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска