ЕК: Грчката економија забележа суштински напредок, но предизвиците остануваат

Од:

Грчката економија во првите неколку месеци од оваа година забележала суштествен напредок, но пред неа остануваат големи предизвици во многу сектори, посочува Европската комисија во извештај чии делови пренесува Радио Атина.

Во документот, што ги соддржи пролетните економски прогнози на Комисијата, се наведува дека показателите за довербата кон земјата и нејзината буџетска состојба и натаму се подобруваат, а растот за 2014 година ќе биде 0,6 отсто.

За невработеноста во земјата Комисијата забележува дека во 2013 година таа достигнала највисоко ниво, кога изнесуваше 27,3 отсто и дека се очекува во 2014 година да опадне до 26 проценти.

Во однос на ризиците за грчката економија Европската комисија потенцира дека тие ќе зависат и од настаните во Турција и во Украина.

Комисијата предупредува дека евентуалното забавување на темпото на структурни реформи може да влијае врз довербата на инвеститорите. 

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица