ЕК го казни Мастеркард со 570 милиони евра за прекугранични ограничувања

Од:

Европската комисија соопшти дека го казнила Мастеркард со 570,6 милиони евра (648,3 милиони долари) за ограничување на можноста на трговците да имаат корист од подобрите услови што ги нудат банките во другите земји во Европската унија.

– Преку спречувањето на трговците да пазаруваат по подобри услови што ги нудат банките во другите земји-членки, со правилата Мастеркард вештачки ги зголемил трошоците за исплата на картички, и со тоа им наштетил на потрошувачите и трговците на мало во ЕУ, нагласи европскиот комесар за конкурентност, Маргрет Вестагер, во соопштението.

Комисијата му ја намали казната на Mастеркард за 10 отсто поради соработка во истрагата.

Би можело да ве интересира

Еврокомисија: Пет држави ги преземаат мигрантите од бродот „Опен Армс“

Ана Ололовска

Еврокомисијата додели 465 илјади евра помош за борбата против ебола во Бурунди

Ана Ололовска

ЕК: Дроновите можат да се користат за терористички напади

Татјана Ташкова

Ѓилас: Победата во борбата за слободна Србија сами ќе ја извојуваме

ЕК ја тужи Унгарија поради мигрантите

Ана Ололовска

Маргаритис Схинас нов грчки комесар во Европската комисија

Ана Ололовска