ЕИБ планира 3,5 милијарди евра за Западен Балкан

Од:

Европската инвестициска банка планира во следните три години на Западен Балкан да му обезбеди дополнителни 3,5 милијарди евра за инфраструктурни проекти, од кои поголемиот дел средства ќе бидат наменети за Србија, најави денеска шефицата на канцеларијата на ЕИБ за Западен Балкан, Дубравка Негре.

– Планираме да ги зголемиме активностите на Балаканот, преку т.н. Иницијатива за зголемување на економската отпорност на регионот. Во следните три години планираме да вложиме дополнителни 3,5 милијарди евра, од кои очекуваме дека околу 50 отсто ќе отидат на проекти во Србија, рече Негре за Танјуг.

Таа објасни дека овие пари ќе бидат главно за проекти во патната и железничката инфраструктура.

Според неа, во рамки на оваа Иницијатива ЕИБ планира да издвои дополнителни 6,5 до седум милијарди евра за Северна Африка, од каде доаѓаат миграциските проблеми, но и за транзитните земји на Балканот.

– За овие два региона планираме дополнителни 6,5 до седум милијарди евра, од кои околу 3,5 милијарди ќе бидат за Западен Балакан, наведе Негре.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан