Ефектите од реформите во социјалната политика на разгледување пред економско-социјалните совети

Од:

Разгледување на најновите анализи за четири значајни области, како што се ефектите од минималната плата, ефектите од персоналниот данок на доход и придонесите од плата, проценка на македонскиот пензиски систем и можност за воспоставување фонд за унапредување на социјалниот дијалог, беше главната тема на заедничката, трета годишна средба на Националниот и локалните економско – социјални совети.

Четирите анализи кои биле разгледувани на овој состанок се изготвени во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Една од клучните цели на ваквите заеднички состаноци, како што се наведува во соопштението, е воспоставување и јакнење на мрежата за соработка и комуникација меѓу националниот и локалните Економско-социјални совети, преку разгледување различни прашања од опсегот на работа на економско-социјалните совети.

Настанот е организиран во рамки на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, а учествуваат Министерство за труд и социјална политика, претседателите и членови на ССМ, ОРМ, КСС, БКМ, како и членови на локалните економско-социјални совети.

Активностите што се спроведуваат во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ се наменети за зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика, како и на социјалните партнери. Со тоа меѓу останатото, овие тела за институционализирање на трипартитниот социјален дијалог, во која група спаѓаат и националниот и локалните економско-социјални совети, преку воспоставување соработка со стручната јавност, добиваат корисни сознанија и анализи како основа за дискусија и усогласување на домашното со меѓународното законодавство и стандардите од областа на трудовото право и регулатива.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски