Европската централна банка гарантира вонредна финансиска помош за кипарските банки само до 25 март, јави ДПА.
По тој датум, кипарските финансиски институции ќе добиваат средства само под услов дека се прифатени план на ЕУ и ММФ кои треба да обезбеди функционирање на банките.
ЕЦБ поддржува функционирање на банките во Кипар со специјална програма за Итна помош за ликвидност.
– Кипарските власти треба најскоро да донесат одлука за програмата за финансиска помош, или ЕЦБ ќе запре со доставувањето средства за ликвидност, изјави претходно Јорг Асмунсен, член на Управниот одбор на институцијата.