EЦБ го зголеми плафонот на програмата за итна ликвидност на грчките банки

Од:

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да им дава итна ликвидна помош на грчките банки, изјави денеска на прес конференција претседателот на оваа институција Марио Драги, цитиран од ДПА.

Плафонот на програмата ЕЛА (Emergency Liquidity Assistance – ELA), по која се обезбедува оваа помош, ќе се зголеми за 900 милиони евра од досегашните приближно 90 милијарди евра, посочи тој.

По договарањето на новиот спасувачки план меѓу Атина и нејзините партнери од еврозоната повторно се присутни условите за помагање на Грција преку програмата ЕЛА, рече Драги.

-Сега ситуацијата е поразлична. Имавме серија новости – одобрението на пакетот за премостено финансирање, гласањата, различни гласања во различни парламенти, што ги обнови условите, неопходни за зголемување на ЕЛА, посочи Драги.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица