Поддршката на Европска банка за обнова и развој на Европска Унија за подобување на виталната инфраструктура на Западен Балкан ќе биде зголемена за дополнителни 77,6 милиони евра, со средства од билатерални донатори.
– Донаторите се придружија кон Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и одобрија 77,6 милиони евра грантови за инвестиции и техничка соработка за проектите, што ЕБРД од своја страна ги поддржува со дополнителни 204 милиони евра, се наведува восоопштението на ЕБРД.
Бесповратни средства од ЕУ се предвидени и за финансирање на заобиколницата околу Тирана, за делницата на Медитеранскиот коридор долг 21,5 километри. Заобиколницата треба да биде клучна врска помеѓу двете патни артерии: едната штоќе води од Трст, Италија до Каламат во Грција, а другата ќе ја поврзува албанскиот регион и Северна Македонија со пристаништето Драч.
Предвидено е средствата да се искористат и за изградба на клучната делница на патот помеѓу Приштина и преминот Мердаре, што е дел од таканареченмиот автопат на мирот. Се очекува делницата да ја подобри регионалната трговијаи да овозможи поголемаповрзаност со виталните извозни пазари, посебно со земјите-членки на ЕУ. Тоа е најкратка транспортна рута во регионот од пристаништето Драчво Албанија кон Југоисточна и Централна Европа, како и кон Црно Море.
Бесповратни средства од ЕУ се предвидени и за финансирање на заобиколницата околу Тирана, за делницата на Медитеранскиот коридор долг 21,5 километри. Заобиколницата треба да биде клучна врска помеѓу двете патни артерии: едната штоќе води од Трст, Италија до Каламат во Грција, а другата ќе ја поврзува албанскиот регион и Северна Македонија со пристаништето Драч.
Одобрени се средства и за два витални општински проекти за вода. Првиот се однесува на подобрување на водоснабдувањето и мрежата на градот Високо воБиХ, како и за станица за прочистување на отпасните води и канализациската мрежа во Косовска Митровица.