ЕБОР: Растот на македонскиот БДП годинава 2,0 отсто

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози за регионите што ги покрива и проценките за Северна Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти.

Како што соопшти ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година.

За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти.

Споредено со последниот извештај и оценка на ЕБОР од септември, проценетиот раст на БДП за Западен Балкан за годинава е намален за 0,8 отсто, како резултат на слабата надворешна побарувачка, високата инфлација и построгите услови за финансирање.

Високите цени на енергенсите и инфлацијата продолжуваат да влијаат на економските изгледи на сите региони што ги покрива банката, кои опфаќаат три континенти. Прогнозите за раст се со надолни проекции во повеќе од половината од 36-те економии во кои работи ЕБОР, со многу малку нагорни проекции. Просечната инфлација во регионите на ЕБОР во декември падна на 16,5 отсто, откако го достигна врвот од 17,5 отсто во октомври.

ЕБОР проценува дека просечниот раст на БДП во регионите што ги покрива лани бил 2,4 отсто, годинава ќе изнесува 2,1, а во 2024 ќе достигне 3,3 отсто.

Банката најавува дека посеопфатен извештај за економските перспективи ќе објави во мај.

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Димитриеска-Кочоска: Растот на македонската економија за наредната година е повеќе од 3,5 отсто

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

A1on

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

Народна банка: Нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра

A1on